collapse

* Prebaruvanje


* Posledni Postovi

DOBRO UTRO by NO CARRIER
[Today at 02:14:00 AM]

The first post content
Здраво друштво,
Од неодамна почнав да чувам циклиди, но забележувам од време на време чудно однесување од неколкумина. Проблемот е што неколкумина, не сите како да се чешаат од песокот и од карпите. нешто што читнав на нет е дека можеби имаат паразити на кожата или пак не се погодени некои вредности во водата. од неодамна исто така ми се појави и кафеава алга, токму на место што е блиску до филтерот, на другиот крај од аквариумот нема алга, ама па има пенење на водата. Филтерот го чистам еднаш неделно има на почеток сунгер и керамички прстени, 2ро ниво:активен јаглен, 3то ниво: исто како првото, и наредните две се само керамички прстени. филтерот врти 2-3 саати дневно, осветлувањето е со 3 штедливки некогаш светат и по 11саати а после нив палам плави лед диоди кој светат уште 2-3 саати. температурата е 25. некој совет/помош?

Link

Author Topic: „чешање„ малави циклиди  (Read 2774 times)

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Offline lirkov

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Feb 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 40
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
„чешање„ малави циклиди
« on: March 30, 2015, 12:04:07 PM »
Здраво друштво,
Од неодамна почнав да чувам циклиди, но забележувам од време на време чудно однесување од неколкумина. Проблемот е што неколкумина, не сите како да се чешаат од песокот и од карпите. нешто што читнав на нет е дека можеби имаат паразити на кожата или пак не се погодени некои вредности во водата. од неодамна исто така ми се појави и кафеава алга, токму на место што е блиску до филтерот, на другиот крај од аквариумот нема алга, ама па има пенење на водата. Филтерот го чистам еднаш неделно има на почеток сунгер и керамички прстени, 2ро ниво:активен јаглен, 3то ниво: исто како првото, и наредните две се само керамички прстени. филтерот врти 2-3 саати дневно, осветлувањето е со 3 штедливки некогаш светат и по 11саати а после нив палам плави лед диоди кој светат уште 2-3 саати. температурата е 25. некој совет/помош?

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 47
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #1 on: March 30, 2015, 12:25:58 PM »
 Vo osnova Malawcite se relativno otporni na popularnata bela tocka koja obicno manifestira vakvi simptomi no sekako deka ne e isklucena moznosta.Dokolku ne zabelezuvas promeni  po teloto i perkite na ribite koi se cesaat togas e mozno i da stanuva zbor za nekakvo nadraznuvanje predizvikano od visoka koncentracija na hlor, nitrati, ili nesto treto.Za polesno postavuvanje na dijagnoza sekako deka bi bilo polezno da postiras kvalitetna makro fotografija ili video.

Offline lirkov

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Feb 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 40
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #2 on: March 30, 2015, 12:32:29 PM »
Немаат бели точки најнормална им е кожата како што ги земав, но прочитав дека после некое време вакво "чешање" има шанси да им се направат ранички па инфекции... Видео ќе направам утре и ќе постирам. заборавив да пишам, дека денеска им сменив околу 25% од водата и им ставив 6 мали лажички сол. температурата ја покачив на 27. Ова се некој совети што ги најдов на интернет, се надевам дека и Вие ќе дадете по некој совет...

Offline amareto

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Aug 2010
  • Location: Ohrid
  • Age: 40
  • Posts: 128
  • Activity:
    0%
  • Karma: 26
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #3 on: March 30, 2015, 02:59:49 PM »
По ова што успеав да го прочитам мислам дека станува збор за труење со нитрити или нитрати. За подетален одговор пиши кога е стратуван аквариумот, по кафеавата алга претпоставувам дека не е исциклиран, пиши за каков филтер станува збор и зошто филтерот работи само 2 до 3 часа дневно. Ако станува збор за канистер со исклучување од 20 до 21 час дневно никогаш нема да се развијат доволно колонии на позитивни бактерии кои би ти ја прочистувале водата.

Offline lirkov

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Feb 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 40
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #4 on: March 30, 2015, 03:15:25 PM »
стартуван е пред еден месец, филтерот е надворешен (канистер) со 5 левели на филтрација (претходно напишав што содржи филтерот) а 2-3 часа врти бидејќи мислам дека им е доволно, а и некако како да се плашат од пумпата па цело време се скриени под неа кај што нема движење на водата. пумпата е 1200л/саат а аквариумот е 130л.

Offline amareto

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Aug 2010
  • Location: Ohrid
  • Age: 40
  • Posts: 128
  • Activity:
    0%
  • Karma: 26
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #5 on: March 30, 2015, 03:26:14 PM »
Сега сум 100% сигурен дека станува збор за труење со нитрити. Менувај секој ден барем по 25 проценти вода, и остави го филтерот уклучен по цел ден. Намали со хранење на рибите и известувај дали ќе престанат со чешање. Ќе ти треба време за да се исциклира аквариумот, а најдобро ќе приметиш дека е исциклиран кога ќе се изгуби алгата. Има на форумот добри текстови за цилкирање на аквариум побарај ги ќе ти разјаснат многу работи, а ако нешто те буни прашувај слободно, тука се членовите на  56048575 ќе добиеш добри одговори. Поздрав.

Offline amareto

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Aug 2010
  • Location: Ohrid
  • Age: 40
  • Posts: 128
  • Activity:
    0%
  • Karma: 26
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #6 on: March 30, 2015, 03:27:27 PM »
Уште едно прашање само, колку циклиди има во 130 литри и на колкава големина се?

Offline lirkov

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Feb 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 40
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #7 on: March 30, 2015, 03:29:30 PM »
околу 15-20, мали се околу 3,4 и 5цм...

Offline lirkov

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Feb 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 40
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #8 on: March 30, 2015, 03:30:42 PM »
прво пуштив чистачи една недела, за да се исциклира, после пуштив 10тина циклиди па после една недела ја ставив последната тура со уште 7-8.

Offline amareto

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Aug 2010
  • Location: Ohrid
  • Age: 40
  • Posts: 128
  • Activity:
    0%
  • Karma: 26
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #9 on: March 30, 2015, 03:39:54 PM »
Краток е периодот од три четири недели за цилкирање, а посебно со работење на филтерот од 2-3 часа дневно, но брзо си заприметил дека нешто не е во ред. Со секојдневни промени на вода ќе ги спасиш рибите, остави го уклучен филтерот и ќе си дојде се на свое место. Мислам дека е мал аквариумот за 15-20 циклиди, но почекај мислење од колегите што чуваат африканци, мене повеќе ми лежат јужноамериканските цилкиди и повеќе информации знам за нив.

Offline lirkov

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Feb 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 40
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #10 on: March 30, 2015, 03:49:24 PM »
Фала Амарето на советот, се надевам дека ќе преживеат  :(

Offline ivica74sk

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Apr 2009
  • Location: Skopje
  • Age: 47
  • Posts: 11195
  • Activity:
    0%
  • Karma: 377
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #11 on: March 30, 2015, 11:13:36 PM »
 E ova sto go primetiv sega so gasnenje na filterot nema apsolutno nikakva logika.Nikogas filterot nema da se razvie dovolno ako go gasnes  zosto bez protok bakteriite vo nego izumiraat i nemas cikliran filter.Ah koga bi znael koj ti go dal sovetot da gasnes filter kanisterot od glava...  :D

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7518
  • Activity:
    10%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #12 on: March 31, 2015, 03:29:05 AM »
кафеавата алга е најчеста појава кај новоформираните аквариуми и таа е резултат на слабо осветлување, помало количество на кислород во водата, тврда вода или слаба циркулација на водата во аквариумот. како што ти кажа ивица за филтерот, во твојот случај тој не функционирал одредено време така да тоа дополнително претставува проблем за појава на алга, а во исто време ниту помага да се создаде колонија на позитивни бактерии во него.

чешањето на рибите може да биде предзнак дека станува збор за појава на бели точки или некаква бактериска инфекција... за да се види што се случува треба да поставиш некоја подобра макро фотографија од рибите... вака може да испадне дека зборуваме на памет!

во секој случај добро е што си започнал да менуваш вода,  уклучи го филтерот да работи нон-стоп и тоа би требало да помогне да се намали алгата, но мора во исто време да внимаваш да не се појави цијано бактерија од која се развива зелена или темно плава алга.

Offline lirkov

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Feb 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 40
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #13 on: March 31, 2015, 06:18:26 AM »
https://www.youtube.com/watch?v=ygiT0Z01TYg&feature=youtu.be
Еве видео од чешкањето на 20та секунда се гледа. Кажете ми да продолжам со мењавање на 20 од водата или доволно е само да си врти цело време филтерот?

Offline p

  • Administrator
  • SeaWolf
  • *
  • Join Date: Oct 2009
  • Location: Скопје
  • Age: 43
  • Posts: 7518
  • Activity:
    10%
  • Country: mk
  • Karma: 91
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #14 on: March 31, 2015, 06:55:03 AM »
како што ја именува темава и како што кажа „чешање“ тоа ми делуваше како постојано да го прават тоа и очекував да прават „хаотични“ движења, но според видеово не успеав да забележам дека имаат некаков проблем...  :dontknow:

тоа е мое мислење, но нека кажат и колегите кои подолго време ги чуваат овие риби во случај да сум направил пропуст...  :icon_thumright:

друга работа, алгата исто така не делува како да е застапена низ целиот аквариум... најверојатно е концентрирана само на еден дел што до некаде се смета и за „нормално“ бидејќи аквариум без алга ретко се наоѓа. за аквариумот е доволно таа да не еволуира и да не се рашири по целиот аквариум, што значи само да се држи под контрола. 

можеш да продолжиш со менување на вода и филтрацијата остави ја да биде активна. во спротивно таа нема да биде целосно ефективна...

Offline Stobi

  • Aqua clen
  • ***
  • Join Date: Mar 2014
  • Location: GOSTIVAR
  • Age: 32
  • Posts: 253
  • Activity:
    0%
  • Karma: 20
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #15 on: March 31, 2015, 09:14:23 AM »
Малавците и во најперфекна форма да се пак ке си се чешаат,тоа е некој феномен и е нормално за нив,најверојатно на тој начин се чистат од ѓубре шо се закачува на нив,бидејки цел ден се мотаат низ дупчиња и копаат низ песок на кој има доста остатоци од се и сешто.

Е сега интензивно чешање до гребење тоа веч нешто друго најверојатно некое бактериско кожно воспаление кое може да премине во инфекција и никогаш не се случило такво нешто кај моиве риби.

Кога сме кај квалитетот на водата ја стварно не знам кој ти кажал филтерот да го уклучуваш само 2-3 часа на ден,тој мора да си работи нон-стоп(тоа му е работа) ако имаш нарушена хемија на водата,рибите ке ти се чешаат интензивно НО ке изгледа како да се удираат со главата од камен значи нема само ноншалантно да се истрие од некој предмет,бидејки најпрво им се иритираат шкргите од кај шо дишат,бидејќи таму неможе да се почешаат ке се удираат од камен и ке ти пливаат на места каде што има голем проток на вода,бидејки водата ги чеша кога ке замине низ нив...исто така друг показател за лош квалитет на вода кај малавци е и појава на надуени очи,бидејки им се иритира слузницата поради нарушената хемија,па ако не се подобри квалитетот на водата во кесите од очите им се собираат бактерии па настанува инфекција(ова најчесто се случува кај риби под стрес и со намален имунитет), исто така подуени очи но И вовлечен стомак ти е симтом и за блоат,но да не бегам од темата,на кратко тоа е тоа.

Кафената алга ти е нормална појава на старт,гледај само информирај се да не ти се зафати премногу,а и да се зафати не е проблем,прашање на вкус е дали сакаш камењата да ти бидат кафени или не,од стаклото ке си ја чистиш ништо сложено.

Поздрав и само напред...со тек на време и читање на форумов се ке најдеш

Offline lirkov

  • Junior clen
  • **
  • Join Date: Feb 2015
  • Location: Skopje
  • Age: 36
  • Posts: 40
  • Activity:
    0%
  • Karma: 1
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #16 on: March 31, 2015, 09:22:13 AM »
Фала стоби на кратката лекција  :notworthy:

Offline Dj

  • Mega clen
  • *****
  • Join Date: Jun 2011
  • Location: Skopje
  • Age: 34
  • Posts: 1559
  • Activity:
    0%
  • Karma: 134
    • www.cichlids.mk
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #17 on: March 31, 2015, 04:08:23 PM »
Zosto do sega ne ja vidov jas temava   aha .Ti kazaa kolegite sto e i kako e,no steta sto koga gi zemase ribite ne mi spomna deka go gasnes filterot da ti kazam na vreme da ne go pravis toa basd .Posle sekoe menjanje voda inetnzivno cesanje ke imas.Akvariumot ti e relativno nov taka da cesanjeto e normalno.Sega na pocetok ishranata stavi ja na minimum,mozes da koristis FFM i menjaj redovno voda.Akvariumot ne ti e prenaselen, pogotovo so dobra filtracija maka nemas  :icon_thumright:
House Of Cichlids!!!
[Login or Register]

Offline VercinGor

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: Sep 2011
  • Location: Skopje
  • Age: 38
  • Posts: 577
  • Activity:
    0%
  • Karma: 20
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #18 on: April 01, 2015, 01:25:30 AM »
и гасење филтер никако  basd со тоа што го палиш само 2-3 саати како што викаш, едно како што ти кажаа сите нама да се развие потребната биолошка филтрација, второ рибите нема да ти се навикнат на тоа и секогаш ке ти бидат плашливи кога од нигде ќе им доаѓа невреме 2-3 саати со галама и турбеленции  5805

Друго чистење на филтерот за канистер поготово еднаш неделно ти е тотално непотребна работа башка контра продуктивна бидејќи не го оставаш филтерот да ги развие потребните бактерии и сл.

Исто така филтер чистење ИСКЛУЧИВО со аквариумска вода! со чешмовача ни под разно бидејќи повторно .. хлорот во водата ќе ти ги среди сите активни баткретии потребни за биолошката филтрација.

Значи филтерот цело време активен, чистење (не толку редовно) со аквариумска вода и редовна промена на 20 тина посто неделно во аквариумот. Чешањето е нормално поготово во вавка состојба на аквариум, ако е континуирано треба нешто да поправиш (види нагоре). А при промена на вода и сл ке има стално подчешување поради промената со тазе водата.
"Est Sularus oth Mithas" - "My Honour is my life"

Offline VercinGor

  • Super clen
  • ****
  • Join Date: Sep 2011
  • Location: Skopje
  • Age: 38
  • Posts: 577
  • Activity:
    0%
  • Karma: 20
Одг: „чешање„ малави циклиди
« Reply #19 on: April 01, 2015, 02:03:13 AM »
Друго, колку е протокот на филтерот? пошто спомна 5 комори претпоставувам дека имаш нешто поголем/појак канистер. И дали имаш spray bar на повратното црево? или само црево да враќа вода?

Ова те прашувам бидејќи доколку немаш spray bar на повратното, а како што видов 130л аквариум, со појак канистер може да ти прави турбеленција многу (што не е проблем освен ако е превише - да носи песок и риби и сл  :D)

Ако има веќе джабе муабетот  :D ако не многу лесно може да направиш.
"Est Sularus oth Mithas" - "My Honour is my life"

Tags:
 

Чешање и собирање на перки на ксифо

Started by Aleksandar78

Replies: 8
Views: 1819
Last post June 01, 2016, 11:49:49 PM
by DimitarJ
Users Online Users Online (13)
Members Google (2)
SimplePortal 2.3.7 © 2008-2022, SimplePortal